Дома Фудбал Рамос повеќе не е играч на ПСЖ!

Рамос повеќе не е играч на ПСЖ!

Како гром од ведро небо, се потврди дека Серхио Рамос повеќе не е играч на Пари Сен Жермен.

Имено, веста ја пренесе трансфер мајсторот Фабрицио Романо, а ја потврди и самиот фудбалер.

Серхио Рамос на тој начин одлучи да го напушти ПСЖ, а како слободен фудбалер ќе бара нов клуб за следната сезона.

Утре ќе се збогувам со уште една страница од мојот живот, а тоа е збогум на ПСЖ“, изјави Рамос.

За ситуацијата проговори и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи:

Би сакале да му се заблагодариме на Рамос за двете години што ги помина со нас. Серхио е вистински лидер и неговиот тимски дух и професионализам во комбинација со искуство на највисоко ниво го прават вистинска фудбалска легенда. Беше чест да го имам во Париз. Сите во клубот му посакуваат се најдобро“, изјави Ал-Хелаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …