Дома Фудбал Италија Славниот клуб испадна од лигата по 38 години со гол во 95. минута, па играчите спасуваа жива глава

Славниот клуб испадна од лигата по 38 години со гол во 95. минута, па играчите спасуваа жива глава

Фудбалската сезона низ Европа влезе во самиот финиш, и во тек се разигрувањата за опстанок или влез. Во четвртокот тоа беше случај во Италија, од каде доаѓаат шокантните сцени.

Бреша испадна во Серија Ц, па следуваа срамни сцени, бидејќи наптпреварот со Козенца беше прекинат кога ултрасите почнаа да фрлаат факели и се обидоа да влезат во теренот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Козенца го доби првиот натпревар со 1-0 на 25 мај, а Бреша водеше со 1-0 на стадионот Ригамонти се додека Мерони не постигна гол во 95-тата минута и израмни на 1-1.

Тој резултат значеше испаѓање на Бреша по 38 години во Серија Ц, но последниот свиреж не беше свирен бидејќи ултрасите од Curve Nord упаднаа на теренот, а други фрлаа факели и димни бомби на теренот.

Судијата Давиде Маса мораше брзо да ја прекине играта бидејќи играчите од двата тима трчаа кон соблекувалните додека полицијата се обидуваше да ја смири ситуацијата.

Судијата одлучи дека не е безбедно да се продолжи натпреварот и го свиреше последниот судиски свиреж, што значи дека Бреша испаѓа во третото ниво на италијанскиот фудбал.

Инаку, Бреша последен пат играше во Серија А во сезоната 2019/2020 кога испадна во Серија Б. Оваа сезона играше лошо, а сето тоа резултираше со испаѓање во Серија Ц за прв пат по речиси четири децении.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси по потрошени 700 милиони евра за три години конечно најде „деветка“!

Од кога Американците се сопственици на Челси, потрошиле 700 милиони евра исклучиво на напа…