Дома Фудбал Инспекторите испраќаат допис до УЕФА: Бараат Барса да биде исфрлена од ЛШ

Инспекторите испраќаат допис до УЕФА: Бараат Барса да биде исфрлена од ЛШ

Според последните информации на медиумите во Шпанија, инспектори ја истражувале документацијата на Барселона во веќе добро познатиот слуачј „Негреира“ и процениле дека Каталонците треба да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.

УЕФА во март месец отвори истрага против Барселона поради исплатени милионски суми на сметката на тогашниот потпретседател на судиската комисија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Инспекторите продолжиле со истрагата на документацијата и подготвиле извештај до УЕФА. Наводно, одлуката дали Барселона треба да биде исфрлена ќе ја донесе првиот човек на Европската фудбалска федерација Александар Чеферин.

Сега останува да се види каков потег ќе биде повлече УЕФА и дали Барселона ќе биде санкционирана со исфрлање од европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма: На ѕвезда вредна 70 милиони евра од Премиње лигата ѝ се заканувале со пиштол!

Неименувана ѕвезда на англиската Премиер лига, чија вредност се проценува на околу 70 мили…