Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера со максимални 3:0 го совлада незгодниот Фучович и така обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос.
Во својот претходен меч во првото коло Ѓоковиќ предизвика бурни реакции со пораката по победата „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. Поради по вчерашниот меч на прес-конференцијата доби прашање на оваа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум загрижен за тоа што го кажав. Свесен сум дека има луѓе кои не се согласуваат со мене, тоа е така…Верувам во тоа што го кажав. Гренслем турнир без драма мене очигледно тешко може да ми се случи. Нема да зборувам повеќе на оваа тема, кажав се што имам“, изјави Ѓоковиќ.
Организаторите на Ролан Гарос истакнаа дека Ѓоковиќ нема да биде казнет за таквиот потег, меѓутоа српскиот тенисер доби предупредување да не го повтори потегот од министерката за спорт на Франција. Од друга страна Олимпискиот комитат на Косово бараше казна.