Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, а најново име на списокот е Начо од Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
33-годишниот дефанзивец има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната и сериозно размислува да ја промени средината.
Начо целата своја кариера ја мина во Реал Мадрид, но се уште нема ставено потпис на нов договор,а Интер сака да ја искористи ситуацијата.
Интер е во потрага по нов дефанзивец бидејќи Милан Скриниар заминува во ПСЖ, а Начо е одлична прилика бидејќи може да пристигне без обештетување.
„Нероаѕурите“ наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Шпанецот и ќе испратат официјална понуда.