Дома Фудбал Репрезентации Украина остана без уште еден важен играч за натпреварот со Македонија

Украина остана без уште еден важен играч за натпреварот со Македонија

Украина во натпреварот против Македонија во јунските квалификации ќе биде ослабена и за првиот напаѓач Роман Јаремчук.

Откако претходно беше познато отсуството на Олександр Зинченко, сега останаа и без напаѓачот на белгискиот Бриж. Јаремчук не успеал да се опорави од повредата, иако се очекуваше спротивното. Јаремчук беше стрелец за Украина на последниот наш меѓусебен натпревар на Европското првенство во 2020 кога загубивме од Украинците со 2:1.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на Украина веќе повика замена и на негово место во составот ќе биде 24-годишниот Назариј Русин кој го носи дресот на Зарја.

Македонија против Украина игра на 16-ти јуни во Скопје, додека три дена подоцна гостуваме на Англија на „Олд Трафорд“. Во квалификациите досега одигравме еден натпревар и тоа против Малта во кој славевме со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…