Карим Бензема во својата кариера освои уште едно важно признание, напаѓачот по четврти пат е прогласен за најдобар француски играч кој не игра во Лига 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секоја година членовите на Националниот сојуз на поранешните фудбалери ја доделуваат оваа награда, а Бензема ја освојува четврти пат во кариера.
„Л’Екип“ пренесува дека Бензема наградата ја примил во Париз. Ова е само уште едно значајно признание во кариерата на искусниот француски напаѓач.
Сезонава, Бензема со Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и Копа Дел Реј, а во октомври 2022 му беше доделена „Златната топка“.