Италијанскиот гигант Јувентус нема да го откупи договорот на Паредес на крајот на сезоната.
Аргентинецот игра во италијанскиот клуб како позајмен фудбалер од Пари Сент Жермен до крајот на сезоната со опција за откуп на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
28-годишниот Паредес во последно време често е на клупата за резерви, а влегол и во расправија со тренерот Алегри.
Паредес нема да остане во ПСЖ и веќе си бара нов клуб, а најсилен интерес за него покажува Галатасарај. Турскиот клуб сака да го донесе во пакет со Ди Марија, кој исто така заминува од Јувентус.
#Juve, #DiMaria e #Paredes con le valige pronte: il #Galatasaray lavora al doppio colpo https://t.co/1PH7DiHVpp
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 26, 2023