Дома Фудбал Останато Не е се во парите: Зидан одбил договор вреден 150 милиони евра

Не е се во парите: Зидан одбил договор вреден 150 милиони евра

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Зинедин Зидан одбил да го преземе Ал Наср, пренесува „Foot Mercato“.

Саудискиот клуб му понудил на легендарниот Французин со алжирско потекло плата од 150 милиони евра за две години, но и покрај таа сума Зидан одбил да го води клубот за кој настапува Кристијано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без ангажман Зидан е од пролетта 2021 година кога се раздели со Реал Мадрид, се поврзуваше со ПСЖ, Јувентус, Марсеј и репрезентацијата на Франција, но засега се уште е слободен.

Во тренерската кариера Зидан работеше само во Реал со кој трипати ја освои Лигата на шампионите, двапати Ла Лига, Суперкупот на Европа и Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…