Majaми водеше со 3:0 во финалето на Источната конференција, но Бостон тргна изгледа да ги промени работите и со втората победа изминатата вечер намали на 3:2.
Се уште Мајами е во позиција за место во големото финале, а историјата на НБА дури 150 пати еден тим водел со 3:0 во серијата и ниту еднаш противникот не се вратил од таа негатива.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бостон со победата од 110:97 дојде на само една победа од изедначување. Предводник на Селтикс беше Дерик Вајт со 24 поени, Маркус Смарт додаде еден помалку, додека Џејлен Браун и Џејсон Тејтум уфрлија по 21 поен.
Во следниот натпревар кој се игра на 28. мај домаќин ќе биде тимот на Мајами.