Дома Фудбал Легендарниот тренер го пофали Македонецот: Тој ни носи мир!

Легендарниот тренер го пофали Македонецот: Тој ни носи мир!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски синоќа дебитираше за Спортинг Лисабон во Лига Купот против Маритимо.

25-годишниот Ристовски го одигра целиот натпревар, прв после пристигнувањето од Ријека, а пофални зборови за него имаше легендарниот португалски тренер Жорге Жесус.

„На Ристовски му треба уште време за да се адаптира подобро на португалскиот фудбал, но евидентно е дека ни носи мир на неговата позиција кога го немаме Пичини. Верувам дека ќе игра се подобро. Инаку, влеговме во жесток ритам на натпревари и ќе мораме да ги користиме сите сили, па Ристовски ќе ни биде потребен“, изјави Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома без неколку адути во Удине: Гасперини повика пет тинејџери

Меѓу 22-та фудбалери за гостувањето кај Удинезе има и петмина помлади од 20 години. Дибала…