Дома Останати Трчаме за Ретки болести – MOZZART со поддршка на кампањата „Ги Запознаваме Ретките Болести 2023”

Трчаме за Ретки болести – MOZZART со поддршка на кампањата „Ги Запознаваме Ретките Болести 2023”

Во рамки на третата „Трка на поезијата“ во Струга, за првпат се одржа трка посветена на лицата со ретки болести.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа, даде целосна поддршка на овој настан и со свој тим од 14 вработени зема учество во истиот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Целта на трката е да се зголеми свеста за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности, навремено објавување на тендерите за лекови за ретки болести, како и вклучување на Македонија во експерименталните студии за ретки болести кои годиниве наназад ја одбегнуваат нашата земја.

Лицата со ретки болести се соочуваат со социјална изолација поради тоа што се сметаат за ранлива и занемарлива популација.

„Благодарност до општествено одговорната компанија Mozzart која ни помогна да ја реализираме националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести 2023”,  да земеме учество во Трка на Поезијата (Poetry Run)”, изјави претседателката на Здружението „Ретко е да си редок” Гордана Лолеска.

Mozzart и натаму ја продлжува соработката и поддршката на активностите на здружението  „Ретко е да си редок”,  се со цел овозможување на лицата со ретки болести и на членовите на нивните семејства да бидат рамноправен дел од ова општество.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…