Легендата на аргентинскиот фудбал Диего Армандо Марадона на неколку пати јавно го критикуваше Икарди и го нарекува „предавник“поради добро познатата афера со сопругата на неговиот соиграч Макси Лопез.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Не знам дали Икарди ќе добие повик во репрезентацијата, но не сакам да зборувам за предавниците. Овде сум поради хуманитарни цели и Икарди нема никаква врска со тоа“, изјави Марадона.
Овој пат Икарди се одлучи да му одговори на Марадона и тоа го направи на многу дрзок начин.
„Не знам што точно кажал, но сигурно се работи за нешто лошо како што беше случајот и минатата година. Тоа се невкусни зборови, а веќе го направи тоа за време на пријателскиот меч кој го организираше Занети. Не можам да кажам ништо повеќе за некој кој е лош пример за сите фудбалери“, истакна Икарди.