Дома Фудбал Лига на шампиони Шпанците „удрија“ по Реал Мадрид: Жестоки критики за „кралевите“ по елиминацијата

Шпанците „удрија“ по Реал Мадрид: Жестоки критики за „кралевите“ по елиминацијата

Реал Мадрид по елиминацијата од Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите се најде на удар на шпанските медиуми.

„Дебакл во Манчестер!“, објави „АС“ кој накратко го ремизираше она што се случуваше на „Етихад“.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


„Немоќен Реал и супериорен Сити, сонот за титула на Реал се заврши. Халанд не ни им беше потребен, Бензема никаде го немаше – исчезна“, додава шпанскиот весник.

Комплетната игра на Реал беше наречена „игра без душа“.

„Белото знаме неколку дена ќе се вее на половина копје“, додава „АС“.

„Сити го скрши шампионот. Ниту трага од Реал Мадрид“, е насловот на „Марка“.

„Инфериорен во средниот ред каде што се одлучуваат натпреварите и титулите, само Куртоа е заслужен што поразот не беше поубедлив. Белгискиот голман спречи три гола на Халанд. Сити беше толку супериорен што победи и без головите на својот најдобар голгетер“.

„Никој не играше во Реал. Бензема, Модриќ, Винисиус, Валверде...Ниту трага од екипата која секогаш имаше победнички трик. Тежок пораз кој ќе биде причина за многу анализи“.

„Изгледа запишано е дека оваа година ќе биде година на Манчестер Сити“, пишува во текстот на „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим го најде решението за своите проблеми во Италија

Манчестер Јунајтед оваа сезона игра многу слабо и без сомнение е дека на лето мораат да ја…