Дома Фудбал Интер постигна важен договор, Бастони става потпис

Интер постигна важен договор, Бастони става потпис

Интер постигна договор со дефанзивецот Алесандро Бастони за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Бастони на лето влегува во последната година од договорот и Интер брзаше што поското да ја продолжи соработката со дефанзивецот.

После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа договор и Бастони ќе стави потпис на нов договор до 2028 година.

Ова е одлична вест за „нероаѕурите“ бидејќи Бастони е еден од најважните играчи во тимот и после заминувањето на Скриниар се очекува да биде столб на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…