Фудбалерите на Милан вечерва го играат реваншот против Интер во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се обидат да ја надокнадат негативата од два гола (0-2).
Милан се наоѓа во тешка позиција и во Серија А, односно го чека пеколна битка до крајот за пласман во топ-4 и место во ЛШ идната сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку екипата не избори место во топ-4 во Серија А, а притоа Милан не го освои ниту трофејот во ЛШ, тогаш тренерот Стефано Пиоли ќе добие отказ.
Кога е Серија А во прашање Милан е во незавидна позиција затоа што заостанува четири бода во последните три кола. Во овој момент на четвртата позиција е Лацио со 65, „росонерите“ имаат 61.
Во Лигата на шампионите вечерва ги чека реваншот против Интер, а првиот натпревар го загубија со 2:0.