Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но Лацио постави висока цена.
Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара 4 милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.
Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.
Ачерби не сака да се врати на „Олимпико“, па се очекува двата клуба наредните недели да седнат на преговарачка маса.