Дома Фудбал Италија Касано нова изјава и нови „ОТРОВНИ“ стрелки кон Јувентус!

Касано нова изјава и нови „ОТРОВНИ“ стрелки кон Јувентус!

Антонио Касано даде своја прогноза кога во прашање е шампионот во италијанското првенство.

Екипата на Интер фантастично ја започна новата сезона во Серија А, имаат четири победи и максимален ефект како и Јувентус и Наполи. Но, „нероаѕурите“ до овој момент од првенството примија само еден погодок и според тоа ја имаат најдобрата одбрана во првенството.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Интер вечерва и гостува на Болоња и тоа ќе биде шанса за тимот на Лучијано Спалети да запише нови три бода.

За шансите на Интер да го освои Скудетото зборуваше и Антонио Касано.

„Скудетото? Интер ќе го освои, Лучијано Спалети е фантастичен тренер“, изјави кратко Касано.

Касано потоа зборуваше за Паоло Дибала и неговите одлични настапи на стартот од првенството, но истакна дека не може да се споредува со Меси.

„Никогаш нема да биде како Меси. Меси е најдобриот играч во историјата, единствено Кристиано Роналдо е човекот кој може да се доближи до неговиот квалитет. Дибала и Меси едноставно не можат да се споредуваат“, зборуваше Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дејан Станковиќ се враќа на чело на Црвена Ѕвезда

Дејан Станковиќ ќе стане главен тренер на српска Црвена Ѕвезда во вториот дел од сезоната,…