На денешен ден пред 10 години Вотфорд и Лестер одиграа неверојатен натпревар во полуфиналето од плеј-офот за влез во Премиер лигата. Натпреварот беше завршен со веројатно најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот.
Лестер во плеј-офот се пласираше поради гол-разликата во последното коло, а Вотфорд беше пред директен пласман во Премиер лигата, меѓутоа во последното коло изгуби од Лидс и мораше да оди во доигрувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар Лестер го доби со 1:0 на својот стадион, а Вотфорд во реваншот водеше со 2:1 и изгледаше дека натпреварот оди во продолженија бидејќи во Чемпионшип и тогаш не важеше правилото за гол во гости. Судијата Мајкл Оливер даде четири дополнителни минути за игра, но се играше до 97-та минута.
Оливер наседна на глумата Ентони Нокерт и досуди пенал за Лестер. Во тој момент на семафорот сотеше 96:02. Нокерт кој асистираше за двата гола на Лестер во ова доигрување ја зема топката и одлучи сам да го изведе пеналот. Тоа беше „меч топка“ за Лестер, но Алмунија го одбрани неговиот пенал, одлично реагираше шпанскиот голман и по одбиената топка.
Тогаш се очекуваше крај и продолженија, меѓутоа тогаш Вотфорд повлече брза контра која заврши со гол на Трој Дини за големо славје. На семафорот тогаш беше 96:52, точно 50 секунди откако Лестер доби пенал за пласман во финалето прими гол со кој доживеа елиминација.
📅 On this day, 10 years ago..
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 12, 2023
⏱️ 90+7′: If Leicester score the penalty, they qualify for the play-off final.
Knockaert missed it and Deeney went straight down the other end and scored for Watford.
The best finish to a play-off game of all time. 🤯😱pic.twitter.com/X9HC9HcOGm