Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА повторно менува: Истанбул и оваа година нема да биде домаќин на финалето во ЛШ?!

УЕФА повторно менува: Истанбул и оваа година нема да биде домаќин на финалето во ЛШ?!

Финалето во Лигата на шампионите сезонава треба да се игра во Истанбул, но според последните информации УЕФА сериозно размислува за промена.

Поради претседателските избори во Турција можни се нереди во најголемиот град во оваа земја, па УЕФА не сака ништо да ризикува и наводно веќе се разгледувани други опции.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ објави дека Европската куќа на фудбалот го контактирала Фудбалскиот сојуз на Португалија за финалето да се игра на стадионот „Луж“ во Лисабон. Одлуката за дали ќе има промена би требало да се донесе следната недела, а ако тоа се случи ова би било четврта сезона во низа во која финалето на ЛШ го менува својот домаќин.

Финалињата во 2020 и 2021 година требаше да се играат во Истанбул, но поради пандемијата тогаш се премесуваа во Лисабон и Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…