Дома Фудбал Останато Стигна потврда: Марсело Биелса има нов ангажман!

Стигна потврда: Марсело Биелса има нов ангажман!

Aргентинецот Марсело Биелса ќе ја предводи уругвајската репрезентација и најмалку до Светското првенство 2026 година, потврдија од уругвајскиот фудбалски сојуз.

Биелса и уругвајската федерација постигнаа договор и недостасува само уште официјализација.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Постигнавме договор, разликите во преговорите се изрманети и останува уште само потпишувањето на договорот“, потврди членот на извршиот одмор Жорге Касалес.

На кормилото на Уругвај Биелса ќе го наследи Диего Алонсо кој ја напушти селекторската функција по испаѓањето во групната фаза на Светското првенство во Катар. Уругвај за Биелса ќе биде трета репрезентација во кариерата, претходно ја водеше Аргентина (1998-2004а) и Чиле (2007-2011).

Последниот ангажман Биелса го имаше во Лидс кој го тренираше од 2018-та до 2022-ра година, а во текот на кариерата водеше низа клубови меѓу кои се Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез  Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, Лил…

Првите предизвици на клупата на Уругвај Биелса би требало да ги има со пријателските натпревари против Никарагва и Куба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете ги мајсториите на Деклан Рајс кои го срушија Реал Мадрид (Видео)

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал на стадионот „Емира…