Според последните информации од Шпанија, Барселона треба да плати казна од 15 милиони евра затоа што даночните власти утврдиле нерегуларности при плаќањето чартер летови, трансфер на сопственост на возилата Ауди добиени од спонзорот и компензацијата исплатена за прекин на договорите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона подолг период се мачи да излезе од финансиската криза, а ова сигурно е дополнителен удар за Каталонците кои се обидуваат да ослободат простор за регистрација на нови играчи, посебно за Меси кој на големо се поврзува со враќање во Каталонија.
Како што објавија шпанските медиуми соодветно не се искажувале плаќањата за чартер летовите за фудбалерите, а не биле прикажени ниту компезациите при раскинувањето на договорите со Алекс Сонг и Арда Туран.