Реал Мадрид сериозно се приклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.
Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Олмо има договор со Лајпциг до 2024 година, па Барселона го советува да не ја продолжува соработката и да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Меѓутоа, Лајпциг сака да избегне такво сценарио и ќе го стави Олмо на трансфер пазарот, а таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид.
„Кралевите“ сметаат дека Олмо ќе биде идеална замена за Асенсио и немаат проблем да платат 40 милиони евра, колку што бара Лајпциг за неговата слобода.
Real Madrid are interested in signing Dani Olmo. (Fabrizio Romano)
— Football España (@footballespana_) May 9, 2023
The former Barcelona youngster is expected to be available for a cut-price fee this summer, with his contract at RB Leipzig expiring at the end of next season. pic.twitter.com/H43LgAneGY