Дома Фудбал Пиоли: Леао е неизвесен до последен момент

Пиоли: Леао е неизвесен до последен момент

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не даде точен одговор дали Рафаел Леао ќе игра во утрешното полуфинале со Интер во Лигата на шампиони.

Пиоли потврди дека мали се шансите Леао да се опорави за утрешниот меч, но ќе биде неизвесно до самиот старт на натпреварот.

„Леао денеска тренираше самостојно на теренот, а утре ќе се обиде да биде подготвен за натпреварот, па ќе видиме што ќе се случи. Ако е добар, ќе игра. Вечерва ќе си легнам мирно. Рафа и докторот ќе ме информираат за состојбата на играчот. Ако Рафа е добар, ќе биде повикан. Во спротивно, нема да биде вклучен во групата“, изјави Пиоли.

„Нашиот тимски дух никогаш не не изневерил. Секако, ни треба и квалитет, внимание и решителност. Овој судир дефинитивно ќе биде потежок бидејќи е полуфинале во Лигата на шампионите“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…