Легендарниот Андрес Иниеста ја завршува својата етапа во Јапонија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации шпанскиот ветеран ќе го напушти Висел Кобе каде што настапува од 2018 година. Иниеста сепак нема намера да стави крај на кариерата и веќе добил понуди од МЛС лигата и Блискиот Исток.
Во својата кариера Иниеста покрај Кобе настапуваше само уште за Барселона каде што остави длабока трага и ги освои сите можни трофеи.
Претходно се споменуваше дека Барселона има намера да му понуди функција во раководната структура на клубот, но веројатно таа опција ќе почека.