Дома Трансфер зона Постигнат договор: Икарди се сели во Премиер лигата

Постигнат договор: Икарди се сели во Премиер лигата

Премиерлигашот Фулам е блиску до привлекување на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, пренесе „Марка“.

Весникот открива дека трансферот е начелно договорен и Фулам за потписот на Икарди ќе плати 12 милиони евра плус 3 милиони во име на бонуси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преговорите за договор меѓу Икарди и Фулам се во завршна фаза, па Аргентинецот од лето ќе се пресели во Премиер лигата.

Оваа сезона Икарди игра како позајмен во турскиот Галатасарај, каде на 21 натпревар постигна 15 гола и имаше осум асистенции.

Договорот на 30-годишниот аргентински напаѓач со ПСЖ е до јуни 2024 година, но повеќе нема место за него во тимот на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…