По третпат во клупската историја, тимот на Фросиноне обезбеди место во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во натпреварот од 35-тото коло во Серија Б, Фросиноне со 3:1 ја совлада Реџина и на три кола пред крајот стекна недостижна предност пред Бари на третата позиција.
Од Серија Б директен пласман помеѓу најдобрите во Италија обезбедуваат првите две екипи, додека за последното место се игра бараж од третото до осмото место.
Фросиноне на врвот на табелата има 71 поен, Бари е трет со 61, блиску до директно место во Серија А е Џенова со 67 бода.
Дел од Серија А, Фросиноне беше во сезоните 2015/2016 и 2018/2019.