Дома Останати Кошарка Евролига ги одреди казните: Партизан ќе игра без Пантер и Лисор

Евролига ги одреди казните: Партизан ќе игра без Пантер и Лисор

Дисциплинската комисија на Евролигата ги соопшти казните за инцидентот во Мадрид каде се тепаа играчите на Реал и Партизан, кај двата тима се суспендирани по двајца играчи.

На самиот крај од натпреварот настана тепачка по неспортскиот фаул на Серхио Љул над Кевин Пантер. Во толпата, Гуершон Јабуселе го собори Данте Ексум на подот, Матијас Лесорт го турна и го собори Џанан Муса, додека Марио Хезоња се степа со Пантер.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Јабуселе доби пет меча суспензија, неговиот соиграч Габриел Дек ќе паузира еден меч.

Кај Партизан, Кевин Пантер доби два меча суспензија, а Матјас Лесор еден. Двата тима ќе треба да платат и по 50.000 евра.

На Партизан му недостасува само уште една победа за да се пласира на Фајнал фор турнирот првпат по 13 години. Следните два меча се играат во „Штарк арената“, а следниот меч е на 2 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спречен маскр на Европското првенство пред натпреварот Полска – Холандија!

Пред денешниот натпревар помеѓу Полска и Холандија на Европското првенство бил спречен мас…