Дома Топ вести Реал ги сака Зидан и Мбапе во „пакет“

Реал ги сака Зидан и Мбапе во „пакет“

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа.

Зидан имаше неколку понуди од европските гиганти, кои ги одби во изминатиот период, а откако се повлече од функцијата во Реал Мадрид во мај 2021 година, тој е без работа.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан на лето би можел по трет пат да се врати на клупата на Реал Мадрид.

Зидан е прв избор за претседателот Флорентино Перез, а во „кралскиот“ клуб веруваат дека така ќе можат полесно да го привлечат Килијан Мбапе.

Зидан со „кралевите“ ја освои Лигата на шампиони три пати, како и Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди астрономска плата на потенцијалното засилување од Брентфорд

Манчестер Јунајтед ова лето ќе мора да се сврти кон трансфер пазарот за да го зајакне тимо…