Дома Фудбал Италија Елмас откри дека Распадори му должи пари: Треба да ми даде 500 евра за асистенцијата

Елмас откри дека Распадори му должи пари: Треба да ми даде 500 евра за асистенцијата

Македонскиот репрезентативец и ѕвезда на Наполи, Елиф Елмас откри дека неговиот соиграч Распадори му дожли пари.

Имено, Распадори треба да му даде 500 евра на Елмас за асистенцијата во дербито против Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го чекав Зиелински да ми подадее, а потоа го видов Осимен напрад и му дадов долга топка на Џек. Секогаш му велам пред мечевите: „Вечерва ќе ти асистирам, па ќе ми дадеш 500 евра“. И покрај тоа што го направив со Јувентус, уште ми ги нема дадено“, се шегува Елмас.

Наполи во следното коло може официјално да стане шампион на Италија, а Елмас веќе се спрема за славје.

„Сигурно ќе го удрам неколку пати Лозано и Матијас Оливеира. Тие се одлични момци. Нема да биде лесно да се победи Салернитана бидејќи тие нема да сакаат да славиме. Салерно е тука, на час и половина од Неапол, така што нема да биде лесно“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …