Дома Македонски спорт Мак ракомет Објавен списикот на ракометарки за дуелите со Шведска и Србија

Објавен списикот на ракометарки за дуелите со Шведска и Србија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список со ракометарки за квалификациските натпревари за ЕП во Франција.

Македонските ракометарки квалификациите ќе ги отворат против Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, а на 1 октомври Македонија во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарските Острови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки, а првиот собир ќе се одржи на 25-ти септември.

Голмани: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска

Бекови: Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска

Крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ

Пикери: Ивана Гакидова, Марија Николиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …