Дома Трансфер зона Гвардиола го сака дефанзивецот на Наполи

Гвардиола го сака дефанзивецот на Наполи

Манчестер Сити се вклучи во трката за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Кореецот го привлече вниманието на англиските гиганти, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем од поодамна го следат дефанзивецот, а сега во трката се вклучи и Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на Кореецот.

Споменатите клубови се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 40 милиони фунти.

Наполи пак не сака да го загуби Ким и му нуди нов договор со значитело повисока плата и поголема откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…