Менаџерот на Челзи, Антонио Конте смета дека е чудно како неговиот тим три пати по ред во мечевите против Арсенал останува со човек по малку.
Викендов во дербито Давид Луиз беше исклучен поради грубиот старт брз Колошинац. Во август за „Комјунити Шилд“, Педро доби црвен картон, а претходно во финалето од ФА Купот исклучен беше Виктор Мозес.
„Не зборувам за судиите, но сакам да кажам едно, треба да се гледа што се случува при конкретен старт. Имаме голем респект кон Арсенал, но многу е чудно да завршуваме со 10 фудбалери три пати по ред против нив. Ситуацијата е чудна. Се надедвам дека ќе имаме повеќе среќа со судиите во иднина“, истакна Конте.