Дома Трансфер зона Британците тврдат: Фирмино постигнал договор, познат новиот клуб на Бразилецот

Британците тврдат: Фирмино постигнал договор, познат новиот клуб на Бразилецот

Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино по осум години на „Енфилд“ на крајот од сезоната ќе се збогува со „црвениот“ дрес. Договорот му истекува, а двете страни не се договорија за продолжување на соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот напаѓач нема да ја продолжи соработката со клубот во кој се прослави, а според последните најави ќе продолжи во Барселона.

Како што пишува британски „Дејли мејл“, 31-годишниот Фирмино договорил се со Каталонците и на крајот од сезоната ќе се пресели во Каталонија како слободен играч.

Фирмино освои бројни трофеи со Ливерпул, Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, како и Светското клупско првенство, откако во 2015 година пристигна од германски Хофенхајм.

Бразилецот одигра вкупно 360 натпревари за „црвените“ и постигна 109 гола, со што стана миленик на навивачите на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…