Фудбалските кариери често се исполнети со бројни падови и повреди, но ретко кој фудбалер имал слична судбина како поранешниот шпански репрезентативец Мигел Перез Куеста, познат како Мичу.
Имаше се што едно момче може да посака во својата кариера, после тешкиот почеток се пронајде себе си во Велс каде настапуваше за Свонси во Премиер лигата, а тука доби репутација како еден од најдобрите напаѓачи на Островот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Настапуваше и за репрезентацијата, постигнуваше и голови, па го привлече вниманието на едни од најголемите европски клубови. Го посакуваа сите, од шпанските гиганти до најбогатите премиерлигаши. Свонси ги одбиваше понудите, бараше подобра цена бидејќи беа свесни каков фудбалер поседуваат во своите редови.
Остана само да одигра уште една полусезона, да постигне уште некој погодок и на клубот, а и себеси да си обезбеди подобри услови при разделбата. Беше само прашање на време кога ќе го потпише договорот на кариерата. Но, потоа во еден момент се беше „срушено“, изчезна, засекогаш…
Премина во Наполи на позајмица од една година со опција за откуп на неговиот договор, но наскоро се случи нешто што засекогаш го спречи неговиот фудбалски напредок. И тука беше крајот. Една повреда, па втора, трета, четврта… Набрзо беше јасно дека Мичу кој беше кошмар за противничките одбрани повеќе го нема, ниту Свонси повеќе не го посакуваше, се обидуваше да игра во пониските шпански лиги, но минатото лето се прости од фудбалскиот професионализам на 31 година.
Ситуацијата со повредата на неговиот зглоб беше толку озбилна што мораше да каже „збогум“. И покрај силната желба едноставно не можеше ништо да направи. Во време кога напаѓачите од неговиот тип играат до 35, 36 или 37 години, Мичу мораше да замине рано… На своето збогување тој откри дека би сакал да остане во фудбалот како тренер, менаџер, било што…