Дома Останати Тенис Надал не игра во Мадрид, а со пораката ги загрижи фановите

Надал не игра во Мадрид, а со пораката ги загрижи фановите

Рафаел Надал нема да игра ниту на Мастерсот во Мадрид, потврди самиот тој на неговиот Инстаграм профил.

„Како што знаете, сериозно се повредив на Австралија Опен. На почетокот требаше да биде шест до осум недели пауза, но сега влегувам во 14-тата недела.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реалноста е дека сме во ситуација во која не се надевавме дека ќе бидеме. Следев се што кажаа лекарите, но работите не се развиваат како што ни кажаа и сме во тешка позиција“.

Засега и тој самиот не знае кога би се вратил на терените.

„Неделите минуваат и се надевав дека ќе можам да играм на турнирите кои се најважни во мојата кариера како Монте Карло, Барселона, Мадрид, Рим и Ролан Гарос. Веќе ги загубив Монте Карло и Барселона, а за жал нема да можам да бидам ниту во Мадрид“,

„Повредата се уште не е санирана и не можам да го направам она што е потребно за да се натпреварувам. Тренирав, но пред неколку дена решивме да направиме мал промена, се обидовме со поинаква терпаија да видиме дали работите ќе се подобрат за она што следува. Не можам да кажам кога би се вратил, затоа што и самиот не знам. Таква е ситуацијата во овој момент“, порача шпанскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…