Дома Фудбал Останато Идниот фудбалер на Реал Мадрид ја врати старата форма и повторно тресе мрежи

Идниот фудбалер на Реал Мадрид ја врати старата форма и повторно тресе мрежи

Реал Мадрид кон крајот на минатата година објави дека се договорил со Палмеирас за трансфер на 16-годишниот Ендрик. Шпанскиот гигант веднаш плати 35 милиони евра, а уште 25 ќе доплати кога Ендрик ќе стане полнолетен и ќе дојде во Реал летото 2024 година. Дополнителни десет милиони евра Палмеирас може да добие преку одредени бонуси.

„Кралевите“ го оставија Ендрик во Палмеирас, оваа сезона младиот напаѓач не ја започна најдобро. Во првите 11 натпревари не постигна ниту еден гол, но во последните четири проработе и постигна три гола.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бразилците сега повторно го фалат и порачуваат дека ја вратил формата поради која бил забележан од Реал.

Во финалето на првенството на Сао Паоло влезе на полувремето против Агуа Санте и постигна гол во поразот од 2:1, а во реваншот стартуваше од првата минута и постигна гол во големата победа на Палмеирас од 4:0.

Изминатиот викенд започна бразилската Серија, а Ендрик повторно се најде во стартниот состав и уште во 5-тата минута постигна гол на асистенција на Дуду. Палмеирас победи, додека Ендрик беше заменет во 61-та минута со овации од стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…