Наполи беше поразен со 1:0 на гости кај Милан во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па сега на домашен терен ќе мора да „брка“ негатива.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Елиф Елмас доби шанса од првата минута на позицијата на „лажна деветка“ во отсуство на Осимен и Симеоне. Пофалби за неговиот настап изнесе и Спалети по натпреварот (тука).
Македонскиот репрезентативец истакна дека првпат играл како центарфор.
„За првпат играв каков центарфор и мислам дека беше добро. Сепак, повеќе сакам да играм странично. Одигравме добро, но за жал не постигнавме гол. Добро знаевме дека ќе биде тешко, Милан е актуелен италијански шампион, очеквуам дома резултатски да бидеме подобри“.
Елмас не беше задоволен и од судењето на главниот судија, Иштван Ковач.
„Не знам што би кажал, свиреше се против нас и скор осите добија опомени. Тие правеа фаули и не добиваа картони, ние постојано добивавме опомени. Вакво нешто немам видено, неверојатна ситуација во важен натпревар во Лигата на шампионите“, изјави македонскиот репрезентативец.