Тренерот на Рома, Португалецот, Жозе Мурињо добил понуда да го преземе Ал Наср кој се раздели со шпанскиот стратег Руди Гарсија, објави „АС“.
Шпанските медиуми тврдат дека челниците на Саудиска Арабија му понудиле на Мурињо 100 милиони евра за договор на две години. Мурињо има договор со Рома до 30-ти јуни наредната година и во римскиот клуб заработува седум милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент најплатен тренер во светот е Аргентинецот Диего Симеоне кој во Атлетико Мадрид годишно заработува околу 34 милиони евра.
Ако понудата навистина е пред Мурињо и Португалецот ја прифати тогаш тој ќе стане најплатениот тренер во историјата на фудбалот.
Сепак, се додава и дека Мурињо засега има големи планови со Рома и сака со клубот да избори настап во Лигата на шампионите за наредната сезона, но и да оствари што е можно подобри резултати во Европа. Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига, а сезонава е во четвртфиналето од Лигата на Европа каде што ќе игра против Феенорд.