Дома Фудбал Лига на шампиони На Баерн вакво нешто во Лигата на шампионите не му се случило осум години

На Баерн вакво нешто во Лигата на шампионите не му се случило осум години

Баерн Минхен вчера го доживеа најтешкиот пораз во нокаут фазата од Лигата на шампионите во последните осум години, Манчестер Сити ги декласираше баварците со убедливи 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да не беше расположениот Зомер на голот на Баерн победата на избраниците на Пеп можеше да биде и поубедлива. Баерн ќе има пеколно тешка задача во реваншот да го надополни заостанувањето.

За Баерн ова е најтежок пораз уште од 2015 година и полуфиналето против Барселона. Тогаш исто така беа поразени со 0:3 и не се пласираа во финалето каде што Барселона го совлада Јувентус и ја освои европската титула.

Загуби Баерн 0.3 и од ПСЖ пред шест години, но тој пораз беше во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најубавата фудбалерка на светот беше запросена од своето момче

Репрезентативката на Швајцарија и фудбалерката на Лестер, Алиша Леман, која многумина ја с…