Oд 19:00 часот денес треба да се одигра дербито во Грција помеѓу АЕК и Арис, а пред овој натпревар инциденети направиле судиите кои треба да делат правда и тоа на аеродромот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Павел Рачковски од Полска беше делегиран да го суди мечот како главен арбитар, помошници треба да му бидат Радослав Сијек и Адам Купшик, задачата во ВАР собата му припаднала на Криштоф Јакубик.
Во центарот на вниманието пред дербито е Рачковски, кој правел инциденти на аеродромот. Тој е судија кој ФС Грција и претходно го анагажирала да суди важни натпревари.
Според информациите на грчките медиуми, во авионот судиите конзумирале голема количина алкхоло, па почнале да прават проблеми. Рачковски наводно и плукнал еден од патниците кои им укажале да не прават проблеми.
Засега не е потврдено, но последните информации се дека во Грција донеле одлука судиите да бидат променети и натпреварот да се одигра. Довербата сега би требало да ја добијат грчки судии и натпреварот да започне во предвидениот термин.