Дома Фудбал Останато Готово: Солскјер се враќа на тренерската работа!

Готово: Солскјер се враќа на тренерската работа!

Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен тренер на овој клуб, Оле Гунар Солскјер ќе се врати на тренерската работа и тоа во белгискиот Клуб Бриж.

По отказот на Скот Паркер Бриж остана без тренер и нивна прва желба е да го донесат Солскјер кој ја прифатил понудата и се чека само официјализација, наводно потребно е да се договорат само одредени ситни детали.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Солскјер го водеше Јунајтед на 168 натпревари и во нив оствари 92 победи, 35 пати ремизираше и беше поразен на 41 натпревар.

Бриж лани беше шампион во својата земја, имаше одлична европска сезона со осмианфинале, но сезонава е дури петти во Белгија, лидерот на табелата Генк има дури 19 бода повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…