Дома Фудбал Италија Видео: Наполи броеше до шест, нова победа за Милан

Видео: Наполи броеше до шест, нова победа за Милан

Наполи и Милан ги оправдаја фаворитските улоги во попладневните мечеви од 4-то коло во Серија А.

Милан на крилјата на новото засилување Никола Калиниќ го победи Удинезе 2:1.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Хрватот беше двоен стрелец, најпрво во 22-та минута ги донесе во водство „росонерите“. Гостите израмнија со голот на Лазања после катастрофалната грешка на Ромањоли во 28-та минута.

Сепак само три минути подоцна Калиниќ повторно погоди за водство од 2:1, а тоа на крајот се испостави како конечен резултат.

На натпреварот беа поништени два гола, по еден на двете страни, со помош на Видео-судијата.

Наполи го задржа максималниот ефект и со 6 гола во мрежата го нагости Беневенто.

Избраниците на Сари со погодоците на Алан, Инсиње, Каљехон и Мертенс сите дилеми околу победникот ги решија уште во првиот дел, а во вториот дел погодија Мертенс и Маџо.

На останатите средби Торино ремизираше против Сампдорија 2:2, додека Каљари победи на гостувањето кај СПАЛ со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Писки останува селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Србија, потврди…