Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди сака да остане во Галатасарај и по завршувањето на позајмицата за оваа сезона.
Со доаѓањето на Лукас Кампос и Кристоф Галтие во Пари Сен Жермен одредени играчи меѓу кои и Мауро Икарди беа окарактеризирани како „вишок“ и за нив се бараше решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди заврши во Галатасарај каде што не му оди лошо, а Аргентинецот сака да остане во турскиот гигант.
“Навистина сакам да останам во Истанбул. Бев со најдобрите играчи во светот во Париз, но ништо не чувствував на улица. Овде е поинаку. Чувствувам голема љубов кон мене”, изјави Икарди.
Аргентинецот, чија романса со Ванда Нара многу влијаеше на неговата кариера, на 17 натпревари во турскиот шампионат постигна десет гола и подели седум асистенции.