Дома Фудбал Италија Анчелоти: Јас сум половина Миланист, половина Мадридист

Анчелоти: Јас сум половина Миланист, половина Мадридист

Карло Анчелоти е еден од најтрофејните тренери во светот и беше на кормилото на многу клубови, но изјави дека само два клуба се во неговото срце.

Тој во интервју за „ДАЗН“ изјави дека е половина Мадридист и половина Миланист, но предвиде дека Наполи би можел да ја освои Лигата на шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас сум Миланист и Мадридист, 50-50. Играв за росонерите и им бев тренер. Реал пак е врвот на светскиот фудбал и секој би сакал да биде на мое место. Тие се двата клуба со кои најмногу сум поврзан“, изјави Анчелоти.

„Наполи реално можат да станат шампиони. Но, исто така сите осум клуба кои се останати. За да опстанете мора да верувате дека сте најсилни и да бидете оптимисти. Ние сме опасен тим во овој дел од натпреварувањето, бидејќи добро го познаваме и историјата вели дека за Реал ова е најважниот трофеј“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …