Бившиот селектор на Шпанија, Луис Енрике утрово пристигна во Лондон со својот агент Иван де ла Пења, за да преговара со Челзи, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Челзи е во потрага по нов тренер после отказот на Потер, а англиските медиуми пренесуваат дека како привремен менаџер до крајот на сезоната може да биде назначен Лампард.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, „сините“ бараат етаблирано тренерско име за на лето да седне на кормилото и веќе почнале преговори со Луис Енрике.
Фабрицио Романо исто така потенцира дека Челзи ќе има средба и со Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ во Баерн Минхен.
„Сините“ ќе бираат помеѓу давјцата тренери, но во моментов Нагелсман е фаворит да седне на кормилото.
Luis Enrique has arrived in London with representative in order to discuss with Chelsea — can confirm he’s in England right now, as @JijantesFC called 🚨🔵🛩️ #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 5, 2023
Luis Enrique, 100% keen on Chelsea job.
ℹ️ Chelsea will also continue talks with Nagelsmann, favourite candidate. pic.twitter.com/BXXMbDILoZ