Речиси нема спортист кој крена толку прашина на овие простори како што тоа го направи Лука Дончиќ (18) на Евробаскетот. Неверојатното словенско дете го воодушеви регионот, но и светот со своите игри на Евробаскетот, каде што вечерва во 20:30 против Србија во Истанбул ќе го одигра големото финале.
Во него нема страв. Кога е критично, Дончиќ ја превзема одговорноста како да е двојно постар, а постигнување клучни кошеви за него е како „добар ден“. За Реал беше тој кој ги решаваше натпревари во првенството и Евролигата, а како дете знаеше, благо речено, да доминира во финалето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Пред пет години во финалето на турнирот до 13 години за Олимпија постигна 54 коша со 11 скокови и десет асистенции. Добро прочитавте, 54. Неколку месеци подоцна претставниците на Реал беа во Љубљана само со една идеја – да го доведат детето во Мадрид.
Дончиќ во репрезентацијата го сакаа Србија, Црна Гора и Шпанија, каде што живееше три и пол години и имаше право да игра. Но, Лука ја одбра Словенија, а неговата мајка откри дека дилемата никогаш не постоела.
„Тој е феноменален. Има неверојатен талент и мислам дека ги има сите предиспозиции да биде голем НБА играч. Тоа едноставно мора да се случи“, изјави Пау Гасол, откако него и друшството малито Лука ги уништи во финалето.
Само што Лука одамна не е „мал“, а не е ниту „дете“. Дончиќ е веќе голем играч пред кого е голема кариера.