Дома Фудбал Англија „Њукасл против Манчестер Јунајтед покажа како ќе изгледа во Лигата на шампионите“

„Њукасл против Манчестер Јунајтед покажа како ќе изгледа во Лигата на шампионите“

Фудбалерите на Њукасл за викендот го победија Манчестер Јунајтед со резултат 2:0 и така го преземаа третото место на табелата, додека „ѓаволите“ паднаа на четвртото.

Поранешниот фудбалер на Њукасл и репрезентативец на Англија, Крис Ведл во разговор за „Би-Би-Си“ не го криеше воодушевувањето од успехот на клубот за кој настапуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Њукасл го бодри стравствена публика и заслужија да победат. Одлично играа и покажаа како ќе изгледаат ако играат во Лигата на шампионите следната сезона“.

„Ќе се бориме со Јунајтед за ЛШ, но нашата предност е што сме фокусирани само на ова натпреварување. Њукасл покажа сериозен став во овој натпревар.

Задоволството не го криеше и поранешниот голман на Њукасл, Шеј Гивен.

 Победата над Манчестер Јунајтед е огромен успех. Ова е посебен ден за сите навивачи на Њукасл, сега уживаме и се надеваме дека ќе се бориме до крајот да ја завршиме сезоната како што треба“, изјави Гивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…