Дома Фудбал Италија Салемакерс по „покерот“ против Наполи: Луѓето заборавија дека Милан се уште е шампион на Италија!

Салемакерс по „покерот“ против Наполи: Луѓето заборавија дека Милан се уште е шампион на Италија!

Tимот на Милан вчера одигра одличен натпревар и го декласираше Наполи со убедливи 0:4 на гостински терен.

Наполи сезонава е далеку пред сите и убедливо ќе го освои Скудетото, а никој друг не ги надиграл израниците на Спалети како вчера „росонерите“. Фудбалерот на Милан, Салемакерс испрати порака по вчерашниот триумф.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во последните месеци луѓето како да заборавија кои сме ние бидејќи не игравме на високо ниво. Сега сакаме да ги потсетиме дека ние уште сме шампиони на Италија и така ќе биде до крајот на сезоната“.

Салемкарс беше и стрелец на еден од четирите голови.

„Голови како овој денес постигнував на тренинг, но никогаш на натпревар. Кога ја добив топката, само Жиру беше до мене и си помслив – ќе одам сам. За среќа се помина добро. Важно беше да победиме за поголема самодоверба пред натпреварите во Лигата на шампионите“, порача Салемакерс.

Ќе потсетиме, Милан во Лигата на шампионите го чека двомеч во четвртфиналето против истиот противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…