Дома Фудбал Челзи за отказот на Потер ќе му плати рекордна сума

Челзи за отказот на Потер ќе му плати рекордна сума

Челзи вчера вечер соопшти дека го Грем Потер си заминува и повеќе не е тренер на „сините“ по катастрофалните резултати во зимскиот преоден рок.

Американскиот сопственик вложи над 300 милиони евра само во зимскиот преоден рок, доведени беа скапи засилувања, но резултатите на теренот изостанаа.

Според „Скај Спорт“ Челзи постигнал договор со Потер и нема да треба да плати околу 57 милиони евра оштета како претходно што се споменуваше, сепак сумата повторно е голема. Потер од Челзи за отказот ќе добие околу 24.5 милиони евра и оваа бројка е рекорд кога во прашање е оштетата за еден тренер кој бил отпуштен.

Платата на Потер во Челзи изнесуваше 13.6 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …